сабота, мај 20, 2006
среда, мај 03, 2006
петок, декември 30, 2005
понеделник, декември 26, 2005
Нова Година
Нова Година се ближи е атмосфера нормално - новогодишна! Речи си се е подготвено за пречекот на 2006та. Арно ама Новата Година не ја чуствува секој подеднакво. Нова Година нема да ја почуствува оној кој што секојдневно е на работа, кој што не знае што е викенд затоа што е на работа па најверојатно и за најлудата ноќ во годината ќе биде на работа. Новата Година нема да ја почуствува ни оној кој ништо не работи, за него секој ден е Нова Година :)
четврток, декември 22, 2005
"Партиски" вработувања
Во Прилеп после незнам колку години (најверојатно 15-16) ќе се отвори фабрика. Ќе се произведуваат чевли. Па така за 400 работни места има пријавено околу 7.000 конкуренти. По медиумите беше претходно објавен оглас за овие работни места и условите кои што треба да ги исполнат заинтересираните конкуренти. Прво ќе се изврши селекција од овие 7.000 пријавени врз основа на објавените критериуми па потоа следи интервју со селектираните конкуренти за конечно добивање на работно место.
Од извори блиски до СДСМ-Прилеп дознав дека на нивниот состанок вчера се разговарало на оваа тема и било кажано дека партијата ќе се заложела нејзини членови да добијат работни места, но да не очекуваат сите ново вработени дека ќе бидат од СДСМ затоа што не биле семоќни. Е па да ви кажам дека сигурно ќе добијат 100 членови на СДСМ работни места и без да се залага партијата за нив. Како? Е па скоро половината од граѓаните на Прилеп се членови на СДСМ или ВМРО, па од 400 нови работни места математички веројатно дека 100 вработени ќе има СДСМ, 100 ВМРО и 200 неопределени.
И на евентуално ваквите резултати да не се чука било која партија во гради дека направила нешто за нивните членови а и ново вработените партиски членови да не им веруваат на партијата многу оти секогаш сите ветуваат а ништо не исполнуваат. Ако не верувате потсетете се само за момент на пред избори па сигурно ќе ви стане јасно.
среда, декември 21, 2005
Мери Младеновска
Мери Младеновска - до сега најубавиот владин претставник, нели?

сликата е превземена од ВЕСТ (без одобрние ;))
(Добив) Ајде трк до кладилница
За кладилнициве велат дека биле зараза ама јас не мислам така. Немав уплатено ливче сигурно има година дена ако не и повеќе. Пред месец-два другар ми Игор по долга и непреспиена ноќ (анализа на изминатите 2 сезони) дојде до заклучок како да се добие од кладилница. И почнавме да играме како што ми кажа и да не дојде како фалба сега ама 4 пати добиваме со ред и ниту еднаш немаме загубено. Сега сигурно сакате да ви кажам кој е начинот на кој што играме а? :)) Ќе Ви кажам не берете гајле. Логиката врз која се потпираме веќе ја имам напишано (ама на англиски е) и може да го најдите тука.
Денеска се кладев на овие натпревари:
21.12.2005
20:30 INTER - EMPOLI, 1, (1,25)
20:30 JUVENTUS - SIENA, 1 (1,25)
26.12.2005
14:00 CHELSEA - FULHAM, 1, (1,25)
16:00 MAN.UTD. - WBA, 1 (1,25)
Уплата: 5000 ден. (ако не верувате ќе го скенирам ливчето и ќе го ставам овдека).
Денеска се кладев на овие натпревари:
21.12.2005
20:30 INTER - EMPOLI, 1, (1,25)
20:30 JUVENTUS - SIENA, 1 (1,25)
26.12.2005
14:00 CHELSEA - FULHAM, 1, (1,25)
16:00 MAN.UTD. - WBA, 1 (1,25)
Уплата: 5000 ден. (ако не верувате ќе го скенирам ливчето и ќе го ставам овдека).
Може да се уплатат (барем овде во Прилеп) само во Лотарија на Македонија затоа што англискиве натпревари се во понеделник а другиве кладилници не уплаќаат за до тогаш па ај ќе видиме што ќе бидне.
Update:
INTER 4 - 1 EMPOLI
JUVENTUS 2 - 0 SIENA
CHELSEA 3 - 2 FULHAM
MAN.UTD. 3 - 0 WBA
Добивам: 12200 - 5000 = 7200
Update:
INTER 4 - 1 EMPOLI
JUVENTUS 2 - 0 SIENA
CHELSEA 3 - 2 FULHAM
MAN.UTD. 3 - 0 WBA
Добивам: 12200 - 5000 = 7200
вторник, декември 20, 2005
Муабет
Јас живеам во многу убаво маало, но сите нас не мачат едни исти работи почнувајќи од старата канализација па се до најновиот проблем со македоски телекомуникации за ограничениот ADSL.
Но сепак ние си живееме сите сложно заедно, Jас, Мери, Иво, Марија, Јован, Сашка, Горан, малечката принцеза дури и еден озборувач. Луѓето често знаат да се пошегуваат и да кажат дека тој е господин Mозговјанов. Eх... тој за мене е нарциз или moonwatcher ако милувате :). Тој е човек кој што го слуша звукот на тишината.
Но не се секирајте ние имаме и луѓе кои се борци за човекови права и кои гордо извикуваат viva la revolution. И пак едно ех... се откинува од мојава душа, какви се убави луѓе има ова наше мало напатено парче земја. Е сега на крајов да не дојди дека јас сум некоја изфрустрирана личност, некој вцрвенет тип, кој кука и плаче од се.
Ќе ви кажам една вистина. Нема да должам па да излези дека сум го раскажувал Moby Dick туку само ќе ви кажам дека сето ова досега не е ниту некаков калеидоскоп ниту реклама за некаков сајт на денот туку една обична ејакулација на мисли врз оваа тастатура која мора да ме трпи секој секој ден :).
Туку муабетот ми беше да ви кажам дека ќе може да ме читате и мене па напочетокот очекувам ваша поддршка.
Поздрав!




